Дваесет и осумгодишен германски државјанин уапсен во Куманово

28-годишен државјанин на Германија вчера нападнал двајца малолетници кои питачеле на улица во Куманово, нанесувајќи им повреди со остар предмет, соопшти МВР. Според полициски извори, двете момчиња сакале да му ги одземат парите на германскиот државјанин кој ги имал во чантата.
„Нападнал двајца питачи, лекарите во Општата болница во Куманово им констатирале повреди. Тој е уапсен и е задржан во станица до расчистување на случајот“, велат од МВР.
Германскиот државјанин во првата изјава по апсењето изјавил дека во неговата чанта имало над 8 илјади евра и дека од малолетниците бил следен подолго време за да му ги земат парите. Според неофицијални извори, едно од момчињата е во тешка здравствена состојба, додека другото е пуштено на домашно лекување. Германскиот државјанин, чиј идентитет се уште не е соопштен, е задржан во полиција. На истиот се очекува да му биде одредена мерка претпазливост. Неофицијално се дознава дека германскиот државјанин и покрај тоа што имал полициска наредба да ја напушти државата, тој не ја испочитувал истата.
Алсат