МАКЕДОНИЈА

Двајца браќа од Неготино Полошко лишени од слобода за работење по работно време и отстранување на пломба

Двајца браќа од Неготино Полошко се лишени од слобода заради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија – отстранување на пломба на Државен пазарен инспекторат.

Advertisements

Од СВР Тетово информираат дека синоќа во 20:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате, во селото Неготино, го лишиле од слобода М.Б.(30) од селото Неготино, сопственик на угостителски објект во селото. Тој се сомничи за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во неговиот локал по работното време имало околу 25 гости.

Инспектори на Државен пазарен инспекторат – Гостивар го затвориле и запечатиле со пломба. Подоцна Б.Б.(37), брат на сопственикот, ја отстранил пломбата, по што и тој е лишен од слобода.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button