ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Двајца наши граѓани сè уште заглавени во Појасот Газа

Министерството за надворешни работи информираше дека се евакуирани уште девет наши граѓани од Израел. Досега 40 ги напуштиле загрозените региони, а бројот на лица кои побарале помош во амбасадата во Тел Авив и преку кризниот штаб достигна 100.

Advertisements

„Уште 9 наши граѓани го напуштија Израел преку различни патишта и тоа четворица со авион до Атина, тројца до Јордан и двајца до Белград; заедно со оние кои заминаа претходно вкупниот број за последните три дена се зголеми на 40 наши граѓани кои го напуштија Израел“, велат од МНР.

Други 20 се наоѓаат во ризичните погранични региони, но тие се сместени на безбедно, а нивната евакуација ќе се случи откако авиокомпаниите ќе продолжат да летаат. Но, судбината на двајца наши граѓани кои според Министерството за надворешни работи, се во Појасот Газа сè уште е непозната.

„20 регистрирани граѓани од пограничните региони кои се сметаа за опасни по безбедноста утрово беа пренесени на безбедно место во Тел Авив од каде што се работи за нивно заминување од Израел“, додаваат од МНР.

Министерството за надворешни работи на С Македонија има на располагање две сос директни линии: 075/273-732 и 075/268-736, како и директната линија на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378. МНР го повтори ставот дека сите наши граѓани кои се во Тел Авив треба да ги следат инструкциите на безбедносните органи во Израел и да бидат во координација со амбасадата и дипломатскиот кор.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button