МАКЕДОНИЈА
Двајца војници на АРМ затруени со гас во Словенија

Двајца македонски војници се затруле со гас во Словенија додека работеле на санирање на штетите од поплавите. Главниот лекар на армијата во Словенија, Роберт Карота, соопшти дека меѓу затруените имало пет војници и еден пожарникар. Инцидентот се случил додека чистеле во затворен простор. Затруените веднаш биле однесени во болница каде ја добиле потребната медицинска нега. Според лекарите, тие се се во добра здравствена состојба. Пред неколку денови АРМ испрати војници во Словенија за да помогнат во санирањето на штетите од големите поплави.