ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Двајца загинати во сообраќајката на патот Гостивар – Кичево

Во сообраќајка што доцна синоќа се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во која се судрија автомобил и камион, животот го загубија две лица, информираат од СВР Тетово.

Според првичнитее информации, несреќата се случила на три километри преед влезот во Гостивар во близина на неколку угостителски објекти.

Advertisements

Во тек е увид на местото на несреќата, а сообраќајот се пренасочува по околните патни правци, како и локални патишта.

Според СВР Тетово, се судриле патничко возило со гостиварски ознаки и камион со странски таблички.

„Едно лице починало на самото место, а другото во гостиварската болница“, изјави портпаролот на СВР Тетово Фатмир Реџепи, пренесува МИА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button