СВЕТ
Две деца убиени и четворица повредени во пукање во Порторико

Две деца загинаа, а четири лица се ранети во пукање во приватен дом во североисточниот дел на Порторико, соопшти денеска полицијата.
Нападот се случил синоќа во градот Рио Гранде и според официјалните лица, убиени се осумгодишно момче и 13-годишно девојче, пренесе АП.
Меѓу ранетите има и 12-годишно девојче, сестра на убиените деца, која е хоспитализирана, како и тројца возрасни на возраст од 27, 51 и 66 години.
Според полициски извори, во куќата имало и еден 22 годишен маж кој утре требало да се појави на суд поради обвинение за убиство во 2022 година.
Полицијата сѐ уште не може да потврди што бил мотив за пукањето, но се знае дека досега нема уапсени лица.