ВЕСТИРЕГИОН

Две експлозивни направи фрлени во Северна Митровица на Косово

Две експлозивни направи доцна синоќа се фрлени во Северна Митровица, општина со мнозинско српско население на северот на Косово, потврдил директорот на полицијата за овој регион, Бесим Хоти за регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

Во овој инцидент нема повредени лица, а како што информирал Хоти станува збор за шок бомби.

„Имаше две експлозии. Немаше штети или повредени. Едната е фрлена на раскрсницата во Бошњачко маало, а другата во населбата Брѓани. Во близина има станбени куќи, но нема повредени. Тоа се шок бомби кои немаат деструктивно дејство, но имаат исклучително силен звучен ефект“, рекол Хоти.

Експлозиите се случуваат еден ден откако косовската полиција објави дека маскирани групи и поединци употребиле „опасни средства, вклучително и рачни гранати од југословенско производство“ во нападот на канцелариите на општинските изборни комисии во Северна Митровица и Зубин Поток.

Косовската полиција ги придружуваше службениците на Централната изборна комисија, кои се обидоа да влезат во нивните простории за да организираат вонредни избори за градоначалници во четири општини на северот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button