МАКЕДОНИЈА

Две години и три месеци затвор за возачот што прегази дете на Пластичарска

Единствена казна затвор од две години и три месеци одреди судијката Марија Клетничка од Основниот кривичен суд Скопје за 21-годишниот Шукри Зеќири од Скопје, кој на 12 октомври на булеварот „Никола Карев“, познат како Пластичарска, во Скопје удри десетгодишно дете кое од ударот почина на самото место, а потоа побегна од местото на несреќата.

Advertisements

На обвинетиот, судијката му одреди и казна забрана за управување со моторно возило во период од три години со што времето поминато во затвор не се смета во казната и му ја продолжи и мерката куќен притвор сѐ до правосилноста на пресудата.

Во пресудата судијката Марија Клетничка наведе дека 21-годишниот Зеќири претходно не бил осудуван за кривично дело.

Обвинетиот Зеќири претходно пред Судот го призна делото што му се става на товар, но рече дека избегал од страв да не биде тепан.

„Се каам за тоа што го направив. Не можам да спијам. Свесно и доброволно признавам“, рече обвинетиот.

По изречената судска пресуда, Себастијан Сановски, таткото на детето кое беше усмртено во сообраќајката, ќе има можност за жалба за пресудата.

„Очекував пресуда на 10 години. Кога ќе изгубиш дете, се знае како се чувствуваш. Не посакувам никому да му се случува ова. Ако имаме држава, треба да се суди правилно“, кажа тој.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button