ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Две години од трагедијата во модуларната болница во Тетово

Две години од трагедијата во модуларната болница во Тетово

Две години по овие страшни сцени во модуларната болница „Ковид“ во Тетово, правдата не стигна. 14 лица, од кои 12 хоспитализирани пациенти и двајца нивни роднини го загубија животот во пожарот што ја уништи модуларната болница во Тетово, за не повеќе од 3 минути. Случајот доби големо медиумско внимание и на семејствата на жртвите им беше ветено целосно објаснување за случајот.

Advertisements

Надлежните дури побараа помош од германски странски експерти кои пристигнаа во земјава три дена по трагедијата. Нивните наоди подоцна беа отфрлени и игнорирани во текот на истрагата.
Објектот во Тетово беше еден од 29-те модуларни изградени објекти за справување со зголемениот број заболени од Ковид.

Испитувањата покажаа дека пожарот е последица на продолжен кабел кој се запалил по употребата на дефибрилаторот кој се користел за еден од хоспитализираните пациенти.

За овој случај имаше обвинение и пресуда. Обвинителот ги гонеше двајцата поранешни директори на тетовската болница и лекарот задолжен за модуларниот објект, не за причините за пожарот, туку за заштитата од пожари во зградата. Поранешните директори на болницата, Флорин Бесими и Артан Етеми, во јуни годинава беа осудени на 1 и пол година затвор, условно. Тоа значи дека тие остануваат на слобода а можат да одат во затвор само доколку го повторат делото во следните три години.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води уште една истрага, а тоа е за тендерот за изградба на сите модуларни објекти, дали биле вградени материјалите наведени во техничката спецификација и каква билаизведбата. Сомнежите за непочитување на стандардите при изградбата, употребата на лесно запаливи материјали и непоставувањето механизми за спречување на ширење на пожарот се дел од сериозните сомнежи кои Обвинителството треба да ги расветли, а се уште не се одговорени , и по две години од трагедијата. Случајот се уште е во предистражна фаза и обвинителството нема посочено ниту еден осомничен.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button