Две години вртоглави трошоци за Охрдискиот договор

По две години скапи концерти и неуспешен обид да се воспостави традиционален фестивал сличен на „Sunny Hill“ и „Exit“, ДУИ сега ги обвинува властите дека го одбележале Охридски со намален буџет.
Според нив, клучни личности не биле присутни на годинешната манифестација за 23-годишнината од Охридскиот договор и буџетот бил осакатен. Манифестацијата беше наречена моноетничка, иако беа присутни и претставници на власта од редовите на македонските партии. Според нив, биле присутни само вазалите кои ги запоседнале институциите.
„Таму учествуваа огромно мнозинство претставници на институциите. Ако некој сака да го приватизира днеот и да земе двајца Турци со себе да каже дека е мултиетничка манифестација, јас немам врска со нив. Но, имаше и претставници на други етникуми, и турски и ромски“ изјави Арбен Таравари од ВЛЕН.
Концертот на Груби во 2022 година по повод Охридскиот договор чинеше околу 70.000 евра, според тогашната опозициска ВМРО, во екот на постпандемиската економска криза. А присутните беа само за музиката, без да ја знаат причината зошто се таму.
Иако ДУИ го најави како мултиетнички и мултикултурен настан, македонските пејачи Владо Јаневски и Антонија Гиговска го откажаа настапот.
Една година подоцна, Груби и неговото Министерство беа обвинети за нов скандал, трошејќи 100 илјади евра за уште еден концерт по повод Охридскиот договор. Странските пејачи добија по 10.000 евра за една концертна вечер, додека локалните пејачи добија по 7.500 евра.
Во изминатите две години, 2022 и 2023 година, за одбележување на Охридскиот договор, не беа организирани сериозни научни тркалезни маси со домашни и странски експерти, ниту конференции за прашања поврзани со целосната имплементација на договорот.
Фатлуме Дервиши