Две лица од Скопје се заразени со мајмунски сипаници
Две лица од Скопје се заразени со мајмунски сипаници

Заболените од мајмунски сипаници се на возраст од 40 и 44 години и се од Скопјe. Пациентите не патувале во странство и случаите не се поврзани, вели директорката на Институтот за јавно здравје. Еден од заразените е примен на Клиниката за инфективни болести.
Директорот на Инфективната клиника изјави дека пациентот примен кај нив е во добра здравствена состојба, а единствениот симптом што го има се промени на кожата.
„Со лабораториска потврда, треба да го набљудуваме. Пациентот негира дека имал какви било симптоми освен фактот дека имало промени на кожата, поточно во гениталната област, што била причина да посети дерматолог“, рече Фадил Цана, директор на Клиниката за инфективни болести.
Пренесувањето на мајмунските сипаници од човек на човек може да се случи преку контакт со заразен материјал, вклучувајќи допир, близок контакт и сексуален однос. Може да се шири и преку плунка за време на зборување, кашлање или кивање. Здравствените институции велат дека нема место за паника./Алсат.мк
Линда Ебиби