Две средни училишта во Скопје со минимум греење

Следната недела две средни училишта во Град Скопје може да преминат на учење од далечина поради немање парно. Директорката на градежното училиште „Здравко Цветковски“, Анита Томовска за Алсат ја потврди оваа информација, додавајќи дека за оваа одлука веќе е известен Секторот за образование кое дало согласност за учење онлајн. Додека Град Скопје, како што рече директорката Томовска, ќе биде извесстено во вторник по седницата на училишниот совет.
„Очекуваме да ни помогнат да ја разбереме суштината на проблемот и во овој случај со информација до основачот на училиштето, Град Скопје, која планираме да ја доставиме во вторник, оценувам од среда. „На 9 февруари преминуваме на онлајн учење“, изјави Атина Томовска, директор на СОУ „Здравко Цветковски“.
Алсат дознава дека со истиот проблем ќе се соочи и средното економско училиште „Арсени Јовков“.
Обезбедувањето на училиштето „Арсени Јовков“ не дозволи да влезе екипата на ТВ Алсат за да потврди дали ова училиште има греење или не. Од информациите што ги добивме едни велат дека има греење а други велат дека парното е на минимум и не е доволно за да се загрее целиот училишен простор“.Одговор од раководството на училиштето не добивме, но, учениците на „Арсени Јовков“ велат дека греењето било просечно и дека се против онлајн наставата.
„Наутро кога ќе дојдеме ладно е, парното не работи добро, не се пуштаат доволно. Дали имате информација дека можете да учите онлајн ако немате греење? Не знам, сè уште ништо не ни кажале за онлајн“, Ученик
„Рекоа, но не знаеме. Кој ве известил? Класната. Ни беше кажано дека може и онлајн. Со физичко присуство подобро е затоа што проблем е онлајн наставата, некој нема услови“, Ученик
„Не е добро онлајн, со физичко присуство мислам дека е подобро“, Ученик
За ова прашање се обративме и во Град Скопје, од каде не добивме одговор дали се запознаени со проблемот дека две средни училишта ќе се соочат со недостиг на греење и ќе бидат принудени да учат онлајн. /Алсат.мк
Мелихате Рустеми