ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Две третини од идните средношколци запишани во стручните училишта

Средното стручно образование е поатрактивно за упис на идните средношколци, отколку гиманзиското. Во првиот уписен рок за учебната 2024-2025 година соодност на запишани ученици е околу две третини, наспроти една третина, односно 73,8 отсто се запишани во  стручните училишта, а само  26,2 отсто во гимназиите во земјава.

Advertisements

-Во двете пријавувања вкупно се запишаа 15.481 ученици, од кои 11.428 ученици во стручно и 4.652 во гимназиско образование, велат за МИА од Министерството за образование и наука (МОН).

Анализите и податоците на Центарот за стручно образование и обука покажуваат дека неколку години наназад за учениците примамливо е дуалното образование, со кое е предвидено освен теорија и практична настава во компаниите, образование кое го бара домашниот бизнис сектор, но и европскиот пазар на труд. Директорот на  Центарот за стручно образование и обука, Шериф Мифтари лани на 31 мај во изјава за медиумите во Штип посочи дека 69 проценти од учениците во прва годинава во земјава  за учебната 2023-2024 година се запишани во стручните училишта.

Но, поголем дел од родителите и средношколците запишани во  стручните училишта веќе се со планови, по добиената диплома за машински електро-техничар, келнер, готвач, медицинска сестра, забен или фармацевстски техничар, физиотерапевт да заминат во странство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button