
Два вагони-цистерни со сулфурна киселина се излизгале од шините, но не биле оштетени и немало протекување, ниту пак опасност за луѓето и околината, соопштија од компанијата Инфраструктура железница Србија.
Цистерните не се превртеле, туку се лизнале со по една оска, а инцидентот се случил околу 4 часот и 50 минути во населбата Зајечар Трнавац, на пругата Зајечар – Прахово.
Железничкиот сообраќај на пругата Зајечар – Прахово во моментов е во прекин, откажани се два патнички воза на таа релација, а пругата е оштетена, јавува Бета.