ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Две жртви и 83 нови случаи на Ковид-19, стотици излекувани

Во последните 24 часа, од 2.704 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 83 нови случаи на Ковид-19, од кои 40 само во Скопје. Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје објавува дека се излечиле 259 пациенти, дознава Алсат.

За истиот период битката со Ковид-19 ја загубија двајца пациенти.

Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 154.804 случаи, од кои 146.302 се излечени, додека 5.232 починале. Во моментов во нашата земја има 3.270 активни случаи на вирус на корона.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button