ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Движењето Беса ги претстави кандидатите за идни министри во новата Влада

Движењето Беса ги претстави кандидатите за идни министри во новата Влада

Движењето Беса ги претстави кандидатите за идни министри во новата Влада. Беса која е дел од коалицијата Вреди соопшти дека иден министер за социјална политика демографија и млади ќе биде Фатмир Лимани. Министер за економија и труд ќе биде Бесар Дурмиши. А пак, заменик министер за култура и туризам ќе биде Седат Сулејмани. Овие кандидати ќе се најдат на листата која треба да поомине на седница на Собранието која е закажана за во вторник. ОД она што досега е познато е дека Изет Меџити ќе биде предложен за прв вицепремиер и министер за екологија и Арбен Таравари за министер за здравство.

Од ВМРО-ДПМНЕ, според неофицијални информации, Тимчо Муцунски може да биде номиниран за министер за надворешни работи, а Александар Николовски за министер за транспорт и врски. Владо Мисајловски би можел да биде предложен за министер за одбрана, додека Панче Тошковски се уште не е дефиниран дали ќе биде генерален секретар на партијата или ќе остане министер за внатрешни работи. За министер за образование се споменува името на Весна Јаневска. Во земјоделството е се споемнува името на Стефан Трифуновски, а за Култура и Министерството за енергетика имињата ќе се дознаат од состанокот на партиските тела в недела кога Мицкоски го свика Централниот и Извршниот комитет.
Имињата на двајцата министри со кои ЗНАМ ќе биде застапен во Владата се Правда и Администрација, партиските тела ќе ги одредат вечерва на состанок на раководството на партијата. Пред неколку дена, мандатарот за формирање на Владата, Христијан Мицкоски, рече дека разговорите се завршени и во рамки на третиот ешалон и наскоро ќе излезат со конкретни имиња. Гласањето за владата се очекува да се одржи на 23 јуни./Алсат.мк
Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button