ВЕСТИРЕГИОН

Движењето „Европа сега“ освои најмногу гласови на изборите во Црна Гора

Според податоците на Центарот за демократска транзиција на обработени 100% од гласовите, движењето на Милојко Спајиќ – Европа сега, победи на изборите во Црна Гора освојувајќи 26% од гласовите, или 24 мандати. Веднаш зад нив следува листата „Заедно“ предводена од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Даниел Живковиќ со освоени 23% од гласвоите, односно 21 мандат. На трето место заврши коалицијата „За иднината на Црна Гора“ на Демократскиот фронт со освоени 15,1%, додека, пак, четврта е коалицијата „Алекса и Дритан – Храбро се брои“ на доаегашниот премиер Дритан Абазовиќ и на Алекса Бечиќ кои освоија 13% од гласовите.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button