МАКЕДОНИЈА

Движењето на Меџити: „ДУИ и Алијанса, главни пречки за отстранување на ‘20%’ од Уставот“

ДУИ и Алијанса за Албанците се главните пречки за отстранување на дефиницијата од 20% од Уставот, се вели во соопштението на новото политичко движење на Изет Меџити. „Министерството за правда, со кое раководи Кренар Лога кадар на Алијанса, во име на Владата го одобрил предлогот за уставни амандмани, во кои прашањето од 20% повторно не е вклучено. Оваа состојба докажува дека оваа коалиција не е насочена кон унапредување на албанското прашање, ниту кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, туку има други приоритети“, се вели во реакцијата.

Advertisements

„Остануваме непоколебливи во иницијативата за уставни измени, постапка која ќе отвори нова перспектива за земјата на патот кон евроинтеграциите, истовремено почитувајќи ја апсолутната волја на албанскиот народ за отстранување на дефиницијата „20 проценти“ од Уставот во однос на албанскиот јазик, во кој случај би се подобрила неправдата од повеќе од две децении кон албанскиот народ во Северна Македонија“, стои во реакцијата на движењето. Се изразува и жалење за игнорирањето на амандманите на Изет Меџити, Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи во однос на отстранувањето на 20-тте проценти од Уставот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button