ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Движењето против-коцкање повторно најавува протести

Движењето против-коцкање повторно најавува протести

Со двете неодамна отворени казина во Тетово нивниот број достигна 46, додека спортските обложувалници ги има 96. Нивниот број продолжува да расте и покрај барањата и бројните протести за нивно затворање или преместување подалеку од образовните објекти. Предлог-законот за игри на среќа беше во собраниска процедура со месеци, но сега е повлечен. Тоа предизвикува дополнителни реакции од здружението против коцкање.

Advertisements

„Поминаа речиси пет години и продолжува кршењето и неспроведувањето на Законот во интерес на граѓаните на С Македонија. Точно е дека ваквото повлекување на законот е на штета на граѓаните и затоа се случува овој егзодус на младите од С Македонија, затоа што надежта е веќе загубена во оваа земја заедно со неизвесноста што ја создаваат овие игри на среќа. Насекаде има игри на среќа, но овде се чини дека е излезено од контрола“, рече Јуши Емерлаху -Движење против коцкање.

По повлекувањето на предлог-законот, Движењето против коцкање ги повика на средба министерот за финансии, комисијата за финансирање и буџет, ректорите на двата универзитета и невладини организации, на 14 овој месец во општина Тетово, да ја откријат вистината за обврските на Министерството, Владата, но и на првите луѓе на општините за доцнењето на донесувањето на законот, но и за зголемувањето на бројот на казина и спортски обложувалници во Тетово.

„Сите градоначалници и претставници на Владата велат дека нема правен излез од оваа ситуација. Но, тоа не е точно. На денот на расправата ќе откриеме дека има излез од оваа криза, односно хаотична состојба во државата и од дебатата ќе произлезе и заклучок за тоа како С Македонија да продолжи со игрите на среќа. Планот Б се протести пред Владата и пред Собранието на С Македонија“, додаде тој.

Според Движењето против коцкање, протестот планиран за овој месец не се одржал бидејќи не добиле дозвола од надлежните органи, но според Јуши Емерлаху се очекува протестот сепак да се одржи за граѓаните уште еднаш да го изразат своето незадоволство кон институциите за игнорирањето на нивните барањата против коцкањето./Alsat.mk

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button