ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Двојно убиство во Стајковци – убиени девер и снаа

Двојно убиство во Стајковци – убиени девер и снаа

Полициските службеници, додаваат од МВР, со убодни рани го пронашле и 67-годишниот Љ.К., брат на починатиот В.К. и за кој постои сомнение дека е сторител на убиството

Безживотното тело на 57-годишната С.К. е најдено денеска во 12:30 часот во скопското село Стајковци. Освен телото на жената, полицијата го пронашла повреден и 64-годишниот В.К., девер на починатата.

Advertisements

Како што информираат од полицијата, лицата биле пронајдени на тераса и на скали во домот во Стајковци.

Деверот, со повреди на главата, со Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде во 14 часот починал.

Полициските службеници, додаваат од МВР, со убодни рани го пронашле и 67-годишниот Љ.К., брат на починатиот В.К. Според полициските информации, лицето Љ.К. имал здравствени проблеми и за него постои сомнение дека е сторител на убиството.

Тој, исто така, бил пренесен во медицинска установа за укажување помош.

Како што пренесува МИА, Љ.К. е во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ Скопје од каде потврдуваат дека е хоспитализиран пациент на околу 70 години со исеченици и површни повреди во предлот на левата страна на градниот кош и на главата.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button