ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДЗР: 40% од високообразовните лица ја нaпуштиле државата

Македонија е во топ 5 земји во Европа во заминување на образован кадар.

Од 2013 до 2021 година, земјава ја напуштиле просечно по 2.500 лица годишно со високо образование, за кои државата инвестирала околу 725 милиони евра.

Ова податоци ги објави Државниот завод за ревизија за неуспехот на владата да го спречи заминувањето на таленти..

Државен завод за ревизија:

„Со извршената ревизија и спроведувањето на Методологијата, прибирањето на ревизорски докази, стекнавме заклучок дека активностите на Владата како носител на политиките за управување со миграцијата не се ефективни за намалување на напуштањето на високообразованите кадри од државата.

Извештајот го нагласува недостатокот на функционален систем за следење и управување со интелектуалната емиграција. Државата нема база на податоци за лица со високо образование кои живеат и работат во странство.

Државен завод за ревизија:

„Оваа студија или истражување ги покажува сериозните предизвици со кои се соочува државата во одржувањето на работната сила со високо образование и заштитата на економските интереси на земјата.

Во земјава е одобрена Стратегијата за спречување на емиграцијата на високообразовани и стручни кадри со рок од 2013-2020 година, но истата е со низок степен на реализација.

Државен завод за ревизија:

„Стратегијата не е објавена во Службен весник и веб-страницата на МОН, додека недостатокот на придружни документи за планирање и изготвување на Стратегијата не дава веродостојни податоци за вклучување на сите релевантни институции во креирањето на стратешкиот документ“.

Инаку, според извештајот на Меѓународната организација за миграција за 2020 година, Македонија е во првите 20 земји во светот зсо најмасовно иселување во странство, додека според проценките на Светска банка, речиси 40% од лицата со високото образование ја напуштиле државата.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button