МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Градежни објекти се користат со години без да се изврши примопредавање на општините

Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи на Министерството за транспорт и врски (МТВ), а ревидирани се две основни сметки од работењето на Министерството.

ДЗР како клучни утврдени состојби ги посочува финансиските извештаи за нематеријални средства, за кои се евидентирани идејни решенија и физибилити студија, но не е обезбедена документација. Во рамките на позицијата материјални средства во подготовка евидентирани се градежни објекти кои се завршени во минати години, истите се користат и со години се во употреба, без да се изврши нивно примопредавање на општините. Кај пописот на нематеријалните средства и дел од материјалните средства – градежни објекти, ДЗР констатира дека не е направено усогласување на сметководствената состојба со фактичката состојба утврдена со пописот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button