ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ДЗР: Претпазливо да се управува со јавните финансии

Потребно е претпазливо управување со јавните финансии преку одржливо ниво на јавен долг и соодветна фискална политика иако е дизајнирана системска сеопфатна правна и институционална рамка за управување со јавниот долг и покрај позитивните оценки од ЕУ и ММФ за процесот на сервисирање на долгот поради достигнатото ниво на јавен долг од 62,1 отсто од БДП на 31.12.2023 година и обврските за еврообврзниците кои доспеваат во периодот 2025-2028 година, порачува Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Advertisements

Според ДЗР, во периодот од 2025 до 2028 година ќе доспеваат за плаќање издадените еврообврзници, што може да создаде неизвесност во ефикасноста на сервисирањето на долгот поради зголемените потреби за финансирање на државата. Ова го покажува ревизијата на тема „Ефикасност на мерките и политиките за сервисирање на јавниот долг“ извршена за да се даде одговор на прашањето: „Дали мерките и политиките за сервисирање на јавниот долг се ефикасни и во функција на навремено и точно плаќање на обврските, со најнизок трошок и прифатлив ризик?“.

Ревизијата беше фокусирана на оценка на активностите и спроведување на функциите на системот и процесите за сервисирање на јавниот долг, а беа опфатени мерките и политиките за сервисирање на јавниот долг, односно расходите за сервисирање на обврските на јавниот долг прикажани во Буџетот на Република Северна Македонија за 2021, 2022 и 2023 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button