ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДЗР: Теренското попишување нема да започне денеска

Државниот завод за статистика информира дека пописот нема да започне денеска, како што се предвидува со постоечките законски рокови. Во соопштението од Статистика се наведува:

“Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, а во согласност со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, до завршувањето на постапката во Собранието на РСМ што се очекува многу брзо, Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен.

Со оглед дека е предвидено Пописот да трае 21 ден, односно до 21 април, Државниот завод за статистика смета дека има доволно време сите предвидени пописни активности да се завршат на време.

Во периодот додека се чека разрешница во Собранието на РСМ, Заводот уште еднаш ќе направи проверка на сите организациско-технички активности на терен за да биде уште повеќе сигурен дека сè е подготвено за евентуално започнување со теренското попишување.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button