ДЗР: Владата трошела и до неколку пати повеќе средства за себе, а кратела од судовите и обвинителствата

Буџетот за 2022 година изнесуваше приближно 182 милијарди денари и во однос на 2021 година е помал за 7 отсто, додека во однос на бараните пари од буџетските корисници е помал за 29 отсто, пишува Државниот Завод за ревизија во најновиот извештај.
Со ребалансот на буџетот од јули 2022 година, како и со две Одлуки за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите од ноември 2022 година, Владата го зголемила Основниот буџет за 2022 година за 8 отсто.
Според ДЗР, во континуитет се известува дека одобрените буџети на буџетските корисници не е во сооднос со реалните потреби за реализација на поставените цели. Иста е состојбата и за 2022 година, односно износот на одобрени пари од Основен буџет (сметка 637) е повисок за 21 отсто во однос на максималните износи на одобрени средства.