ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДЗС: Одговорност за сите кои бараат од граѓаните да го бојкотираат пописот

Директорот на Државниот завод за статистика ги отфрли сите информации дека пописот ќе биде откажан. Директорот Апостол Симовски на прес-конференцијата ги повика сите граѓани да не бидат изманипулирани од субјектите кои повикуваат на бојкот. Тој ги повика граѓаните, особено Македонците, да се попишат, бидејќи само во нивната земја можат да се нарекуваат Македонци.

Симовски изјави дека во текот на денот, попишувачите ќе бидат поканети да си ги земат лаптопите. На прашањето на Алсат како ќе се однесуваат со оние кои продолжат да повикуваат на бојкот, Симовски рече дека ќе ги пријават на суд.

Но, од ВМРО-ДПМНЕ и денес инсистираа пописот да се одложи, најрано за септември, под услов попишувачите и поголем дел од населението претходно да се вакцинираат.

Онлајн попишувањето на дијаспората и дипломатите започна на 1 март. А пописот на резидентното население треба да започне на 1 април и да трае до 21 април. За попис на резидентното население се ангажирани 5.055 попишувачи и 550 регионални инспектори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button