МАКЕДОНИЈА

ДЗС: Се преземаат мерки и активности за превентивно делување за заштита од поплави

Дирекцијата за заштита и спасување организирано со субјектите од системот за заштита и спасување презема мерки и активности за превентивно делување за заштита  од поплави. За таа цел донесени се заклучоци, межу кои и за навремена и континуирана соработка за состојбата со водотеците, обврските кои произлегуваат од законот за заштита и спасување и уредбата за спроведување на мерката заштита и спасување од поплави.

Advertisements

Како што информираат од Дирекцијата, во таа насока веќе се спроведе Координативен состанок со надлежните институции за превенција од можни поплави во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување, по иницијатива на директорот Џеват Селами со директорот на А.Д. Водостопанство, Филип Филиповски, директорот на Управата за хидрометеролошки работи, Игор Лазаровски и претставници на институциите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button