ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто

Земјава годинава ќе има раст на БДП од два отсто, а во нардната од три проценти, се наведува во најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за регионалните економски перспективи.

Advertisements

Целиот регион на Западен Балкан во 2023 ќе забележи раст од 2,2, а догодина од 3,4 отсто.

Албанската економија годинава ќе има раст од 2,5, а следната 3,3 проценти, Босна и Херцеговина (2,0% и 3,0%), Косово (3,5% и 4,0%), Црна Гора (3,3% и 3,7%), и Србија (2,2% и 3,4%)

ЕБОР во извештајот наведува дека на економските перспективи на Западен Балкан годинава ќе влијаат инфлаторните притисоци и послабите изгледи на напредните економии во Европа, со попозитивни прогнози за 2024 година кога се очекува економскиот раст да се зголеми на 3,4 отсто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button