ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Еден багер почна да гради „мега-парк“ во Чаир

Еден багер почна да гради „мега-парк“ во Чаир

Пред три недели, со многу помпезност свечено беше означен почетокот на работите за изградба на мега-паркот во Чаир. Работите требаше да започнат веднаш следниот ден. Но, дојдовме три недели подоцна да видиме колку е направено. Како што можете да видите денеска почнаа да работат, а единствената машина што ја најдовме овде е багер што ја копа земјата бидејќи на останатиот дел не се работи ништо.

Advertisements

И жителите од околните згради велат дека работите почнале дури денеска. Паркот велат е добар проект на општината, но не веруваат дека ќе биде завршен навреме.

Никој не работеше до денес?

“Не, не, никој. Сабајле прашав што прават, рекоа дека отвораат патека за поминување за да не се шетаат низ паркот. Којзнае колку ќе чини. Ја почнуваат работата, па ја оставаат на половина. Не сум сигурен, можеби ќе го завршат пред време, не знам”, рече еден граѓанин.

“До денес никој не излезе. Денеска првпат гледам дека работници дошле да работат. Еден со багер и двајца со камион. Четири лица. Се сомневам дали ќе го завршат навреме„, нагласи друг граѓанин.

“Не верувам дека ќе завршат на време, но важно е да се почне. Ако е почнато, ќе го завршат“, додаде друг граѓанин.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, вели дека налогот од Град Скопје работите да почнат бил даден еден ден по конференцијата пред три недели, но според него, доцнењето се случило поради некои документи.

„Помина малку, бидејќи директно се поврзани две фирми, плус компанијата „Паркови и зеленило“ и ги направија последните координации и неколку дена мораме да признаеме дека ниските температури ги спречија да почнат со работа. Сепак, од денеска ќе работиме со голем интензитет. Целиот проект се очекува да биде финализиран за 3 до 4 месеци“, изјави Висар Ганиу – градоначалник на општина Чаири.

Во мега паркот од 30.000 метри квадратни е предвидено да има 500 дрва и разни садници, нова водоводна мрежа и цветни градини. Планирани се две нови спортски игралишта, две детски игралишта, два парка за домашни миленици, еден за теретана, 26 летниковци, нова урбана опрема, пешачки ленти и фонтани. Паркот се гради во Топанско поле во близина на булеварот „Македонско-косовска бригада“./Алсат.мк

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button