МАКЕДОНИЈА

Еден ден по одлуката на владата за отворање на градинките, се појавува проблем со недостаток на кадар


Само еден ден откако Владата донесе одлука дека градинките ќе започнат со работа на 9 септември, започна дезинфекцијата на објектите. Сепак, градинките можат  да се соочат со недостиг на персонал, бидејќи во сегашните околности многу од вработените во овие установи имаат деца на возраст под 10 години, и со одлука на Владата се ослободени од работа. Ослободени од работа се и хронично болните . Директорката во градинката „Фидани“, Гезиме Бакиу за Алсат вели дека околу 80% од вработените имаат деца под 10 години.

Визарт – Гезиме Бакиу – Директор на градинката „Фидани“—

–Проблем со кој се соочуваме и за кој во моментов немаме решение е дека околу 80% од вработените се родители кои имаат деца под 10 години, кои со одлука на Владата се ослободуваат. Од една страна ни требаат да се вратат на работа, и да се подготвиме, и од друга страна пак тие имаат право да не доаѓаат затоа што законот им го дозволува тоа “

Директорката на градинките во Тетово, Рамије Даути, пак, вели дека за да се избегне недостиг на кадар, се разгледувал предлогот – оваа категорија вработени, децата да ги донесат во градинките и така  да продолжат со работа.

Рамије Даути – директорка на градинките – Тетово—

„Во градинките им нудиме да ги запишат своите деца и да работат нормално од работното место. Родителите кои имале свои деца минатата година во градинките, имаат обврска да понесат две потврди. Досега имаме 140 деца кои веднаш би дошле во градинка. „Ќе прифатиме и нови деца, бидејќи имаме повеќе капацитет, но повторно ќе одиме со две потврди, бидејќи родителите мора да бидат на работа.

Министерството за труд и социјална политика вели дека околу 19 000 деца или половина од оние кои биле регистрирани пред една година ќе се вратат во градинки. Едукативните групи со деца до 2 години не треба да имаат повеќе од 6 деца, додека групите со деца од 3 до 10 години не треба да имаат повеќе од 15 деца. Треба да има по две негувателки во секоја група.

Протоколот меѓу другото, пропишува градинките  да се дезинфицираат секој ден ,истото важи и за возилата што ги снабдуваат градинките со храна, и детските играчки. Креветите ќе треба да бидат поставени на растојание од 1,5 метри, а децата ќе треба да спијат сите на иста страна. Вработените ќе треба постојано да носат заштитни маски.

Санитарниот и здравствениот инспекторат ќе ги посети сите градинки на 9 септември, со цел да направи проценка за почитувањето на протоколите.

 

Подготви: Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button