Еден ден пред истекот на дополнителниот рок за поднесување кандидати за попис на населението

Еден ден пред истекот на дополнителниот рок за поднесување кандидати за попис на населението, Владата одлучи да ги задолжи државните институции и управите да ги стават привремено на располагање вработените на Заводот за статистика, доколку на им бидат потребни повеќе попишувачи. Но, од друга страна, директорот на Заводот за статистика, Аспостол Симовски, вели дека со пролонгирање на роковите, се пријавиле околу 8 илјади кандидати. Но, точната бројка ќе се знае за два дена. Што се однесува до привремено вработените во институциите, тој вели дека ќе ги вработуваат по потреба.
На прашањето дали, поради влошената состојба со пандемијата, може да се разгледа предлогот на македонската опозиција за онлајн попис, директорот на Заводот, Апостол Симовски, вели дека такво нешто не доаѓа предвид.
Според Симовски, сите комисии се подготвени за нивната работа и во моментов се одржуваат обуките на регионалните инструктори, додека за неколку дена ќе започнат обуките за попишувачите. Пописот ќе започне на 5 септември и ќе трае до 30 септември. Во меѓувреме, продолжува онлајн пописот на дијаспората, преку веб -страницата на Заводот за статистика.
MEfail Ismaili