ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Еден од петмината уапсени за протестот во Тетово започна штрајк со глад во затворот Шутка

„Организаторот на протестот во Тетово е единствениот од петмината уапсени што ги известил властите на затворот Шутка дека започнал штрајк со глад во знак на револт против одлуката на властите. Неговата здравствена состојба, како што информираат од затворот, во моментов е добра. Петмината приведени се сместени во посебни простории поради мерката за изолација за заштита од вирусот “.

Пет лица од вчера се во притвор од 8 дена. Бесник Асани, адвокат на Блерим Ахмети, најави дека наскоро до Судот ќе ја поднесат жалбата за одлуката за притвор на неговиот клиент. Во комуникацијата за Алсат, тој рече дека ќе побара пристап до целосните докази што ги поседува полицијата и обвинителството, за делата за кои е обвинет неговиот клиент.

Во меѓувреме, Секторот за внатрешни работи во Тетово не ја затвори истрагата за петочниот протест, кој во одредени моменти ескалираше. Не ја исклучуваат можноста за други апсења, иако во моментов нема.

СВР Тетово

„Обвинителството во соработка со полицијата работи на откривање на лицата осомничени за сторени кривични дела за време на протестот. Во моментов нема други лица сослушани. Нема други апсења“.

Тетовската полиција известува дека состојбата на полицајците повредени за време на протестот е добра. Ниту еден од нив не е сериозно повреден.

Во петокот во Тетово имаше протест против молкот на истражните органи за трагичниот настан во Тетово каде животот го загубија 14 лица.

Демонстрантите побараа политичка оставка и одговорност. Ситуацијата ескалираше кога група демонстранти се соочи со полицијата која им го блокираше пристапот до седиштето на ДУИ.

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button