ВЕСТИСВЕТ

Еден убиен во пукање во метрото во Њујорк

Едно лице загинало, а петмина се повредени во пукање во метрото во Њујорк по расправија меѓу две групи тинејџери. Убиецот се уште не е уапсен, соопшти полицијата во најнаселениот град во Соединетите Држави.

Advertisements

Инцидентот се случил на метро станицата во Бронкс вчера попладне по локално време, кога многу деца се враќаат од училиште, а луѓето се враќаат дома од работа. Штом се отвориле вратите на метрото, напаѓачот отворил оган надвор, а на платформата имало многу луѓе.

Пукањето се случило по тепачка меѓу две групи тинејџери во возот.

„Не веруваме дека ова било случајно пукање. Не веруваме дека ова лице пукало неселективно во воз или на станица“, изјави висок функционер на њујоршката полиција прес-конференција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button