ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Една година Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД

Денеска одбележуваме една година од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, што беше одржан на 2-ри јуни 2022 година, во Вашингтон. Дијалогот беше лансиран од страна на министерот за надворешни работи, Бујар Османи и државниот секретар на САД, Антони Блинкен, со што беше отворено ново поглавје во билатералните односи и меѓу двете земји.
Амбасадорката Анџела Агелер реафирмирајќи ја силната поддршка за нашиот евроинтегративен процес, порачува дека Соединетите Американски Држави отсекогаш биле и секогаш ќе бидат, наш постојан поддржувач и најголем пријател.
-Ќе бидеме со вас рамо до рамо додека ги постигнувате вашите цели за безбедност, просперитет и можност во рамки на европската заедница, истакнува Агелер.