МАКЕДОНИЈА

Една жртва во сообраќајката во тунелот кај Демир Капија

Четириесет и седумгодишната жена која беше тешко повредена во сообраќајната несреќа во тунелот кај Демир Капија им подлегнала на повредите, потврдиле за МИА од Основното јавно обвинителство Кавадарци.

Оттаму велат дека по извршениот увид на местото ќе биде наредено сообраќајно вештачење за да се утврдат причините за несреќата.

„Наредена е и обдукција на починатата 47-годишна жена – возач која била сама во автомобилот“, велат од Обвинителството.

Претходно, од Секторот за внатрешни работи Велес соопштија дека сообраќајната несреќа се случила во 08:40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино. Според полицијата, автомобилот марка „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, што го управувала 47-годишната Т.П.П., изгубил контрола и излетал од патот.

Поради несреќата сообраќајот на патот Гевгелија-Неготино утрово беше во прекин.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button