МАКЕДОНИЈА

Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа на патот Неготино – Кавадарци

Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што попладнево се случила на патот Неготино – Кавадарци, потврдиле за МИА од Здравствениот дом во Неготино.

Оттаму рекле дека едно лице починало на самото место, а друго се здобило со повреди и е пренесено во кавадаречката болница на иследување.

Advertisements

Претходно од Секторот за внатрешни работи Велес потврдиле дека сообраќајната несреќа се случила кај селото Марена.

Според информациите во неа учествувале три возила.

Од надлежното Јавно обвинителство за државната новинска агенција информирале дека по извршниот увид на местото на несреќата, била наредна обдукција на телото на починатото лице, кое било возач во едно од возилата. Оттаму потврдиле дека друго лице е повредено, додека две лица кои биле во третото возило минале без повреди

„Преземени се сите мерки за испитување на околностите под кои дошло до несреќата. Издадени се сите потребни наредби, меѓу кои и обдукција на починатото лице. Се работи на утврдување на причините за несреќата“, рекле од Обвинителството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button