МАКЕДОНИЈА

Едно лице загина во пожар во Делчево

Едно лице го загуби животот во пожар кој до темел ја изгорел неговата куќа. Како што информираше Центарот за управување со кризи, интервенирано е во период од 05.15 часот до 9.30 часот. Во интервенцијата учествувале и 4 лица од месното население. Други учесници се екипа на Итната медицинска помош (ИМП) до Делчево и 5 полициски службеници од 0ВР Делчево.

Advertisements

Куќата е целосно изгорена и најдено е целосно изгорено машко тело родено 1988 година кое живеело само и имало здраствени проблеми. Телото е однесено на обдукција. Причина за пожарот е непозната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button