Ефтимов: Резултатите на власта во борбата против корупцијата се разочарувачки
Ефтимов: Резултатите на власта во борбата против корупцијата се разочарувачки

Вечерва на „Патот кон“ во Алсат М, со Фатлуме Дервиши се дебатираше за корупцијата, власта, критиките на опозицијата и улогата на меѓународната заедница и ветингот. Поканети беа: Дајанчо Евтимов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса и Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.
Пратеникот на ВМРО, Дајанчо Евтимов ја обвини власта дека според него, и покрај многуте иницијативи кои се преземени за потекло на имот, на ветинг, против корупција пак нема резултати.
„Мора да има драстична промена, ветинг во судството, да се провери историјата и богатството на функционерите и да се формираат одредени тимови за следење на состојбите,, и голем број на институциите, но немаме никакви резултатите“, рече Дајанчо Евтимов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Во меѓувреме, тој нагласи дека корупцијата меѓу државните функционери е потврдена во многу извештаи и досега сите напори и заложби се само декларативни.
„Во извештаите од две години многу јасно е дека корупцијата се споменува кај владините функционери, особено во извршната власт. Исто така, извештај е објавен како што беше Транспаренси Интернешнл, една година не рангираше на 111. И сето тоа покажува дека сите напори се декларативни, бидејќи ја покренува оваа тема од клучните меѓународни фактори, тоа е доказ дека нешто мора да се презема“, додаде Евтимов./Alsat.mk