СВЕТ
Египетскиот министер за Надворешни работи: Хамас го поздрави предлогот за прекин на огнот во Газа и сега го чекаме одговорот на Израел
Египетскиот министер за Надворешни работи: Хамас го поздрави предлогот за прекин на огнот во Газа и сега го чекаме одговорот на Израел

Хамас го поздрави предлогот за прекин на огнот во Газа и сега го чекаме одговорот на Израел- изјави денеска египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри, кој е во официјална посета на Мадрид.
Американскиот претседател Џо Бајден пред неколку дена презентираше детали од нацрт мировниот договор кој предвидува три фази на деескалација, почнувајќи со целосен прекин на огнот за шест недели и повлекување на израелските сили од густо населените области во Газа.
Договорот ги утврдува плановите за ослободување на заложниците и затворениците, повлекувањето на Израел од палестинската територија и обновата на Појасот Газа.