МАКЕДОНИЈА

Егро: Членството во ЕУ е ѕвезда водилка на надворешната политика на Албанија

Република Северна Македонија и Албанија веќе подолго време тропаат на вратата на Европската Унија, а бидејќи оваа врата не се отвора, тогаш овие две земји немаат друг избор освен да чекаат додека не се отвори вратата. Вака во „Емисија 200“ оценува новинарот Франко Егро. Според него, премиерот и сите други политички чинители во Албанија се за евроинтеграции и оти државата нема друга алтернатива.

„Ако Франција, една од двете важни локомотиви на ЕУ, го забави овој процес, тоа секако ќе создаде голем ќор-сокак. Што се однесува до официјална Тирана од моментот на епохалните промени овде во Албанија, членството во ЕУ е ѕвезда водилка на надворешната политика на Албанија. Од друга страна, премиерот, но и сите политички лидери, без разлика дали се леви или десни, истакнаа дека немаме друг пристап освен интеграција во ЕУ. Не зависи од нас што сакаат, наше е да си ја завршиме домашната задача, но бидејќи тие сакаат да се вклучат во некој клуб или некое тело за вистински демократски вредности, ние мораме да ги правиме овие задачи, не навистина, не само за да влеземе во ЕУ, но да го подобриме квалитетот на демократијата и квалитетот на животот на секој албански граѓанин“, изјави Егро.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button