
Европската ракометна федерација го избра идеалниот тим на Европското првенство 2024 година кое се игра во Германија. Најдобриот тим го предводат двајца ракометари на Данска, Матијас Гидсел кој е најдобар десен бек, како и најдобриот дефанзивец Магнус Јенсен.
Двајца ракометари има и од домаќинот Германија, голманот Андреас Волф и средниот бек Јури Кнор. Изненадувачки вториот финалист Франција има само еден играч во името на кружниот напаѓач Лудовик Фабрегас, а во тимот се најдоа и левиот бек Мартим Кошта од Португалија, десното крило Роберт Вебер од Австрија и левото крило Хампус Ване од Шведска.