
Ракометарите на македонскиот суперлигаш Алкалоид реваншот во финалето на ЕХФ купот ќе го играат на домашен терен одлучи денешната ждрепка во седиштето на Европската куќа на ракометот во Виена.
„Фармацевтите“ со брилијантните игри сезонава стигнаа до финалето на Европскиот куп, каде што ќе ги одмерат силите со атински АЕК. Првиот меч ќе се одигра на 17/18 мај во Атина, додека реваншот е седум дека подоцна во Скопје.
На првиот како што одлучи денешната ждрепка домаќин ќе биде АЕК, додека реваншот ќе се одигра во Скопје. Алкалоид има шанса да испише историја и да дојде до првиот меѓународен трофеј само неколку сезони од стартот на постоењето на клубот.