ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ чекаат ново судење за уништувањето изборен материјал

И по колективниот судски одмор кој заврши неделава сè уште не е познато кога одново ќе почне судењето на двоецот од ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури. Скопскиот Апелационен суд, кој ги прифати нивните жалби и случајот за изборни нерегуларности во Чаир, „Титаник 3“ го врати на почеток, уште работи на докомплетирање на предметот.

Advertisements

„Предметот „Титаник 3“ не е вратен од Апелациониот суд Скопје“, велат од Кривичен суд.

Со ова, Кривичниот суд не може да го закаже првото рочиште и да ги покани Алими и Гури во судница. Ним скопска „единица“ лани во март им досуди по три и пол години затвор, која беше прва пресуда против функционери на ДУИ. По одлуката на Апелација за укинување на казните на Алими и Гури, обвинителот кој го застапуваше предметот, Гаврил Бубевски, изрази разочараност, додека министерот за правда Бојан Маричиќ тврдеше дека немало политички пазар за случајот „Титаник 3“. На обвинителна клупа повторно ќе седнат лица кои биле дел од партискиот врв на коалициониот партнер на СДСМ, ДУИ. Според обвинението покренато од згаснатото СЈО, Алими и Гури на локалните избори во 2013 година уништиле изборен материјал во Чаир.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button