СВЕТ

ЕК: Европската унија жали за одлуката на САД за царините кон Мексико и Канада

Европската комисија денеска соопшти дека „длабоко жали“ поради одлуката на САД да воведат царини за увоз од Мексико и Канада.

Advertisements

„Овој потег ризикува да ја наруши глобалната трговија, да им наштети на клучните економски партнери и да создаде непотребна несигурност во време кога меѓународната соработка е поважна од кога било“, се вели во соопштението на Европската комисија, пренесе Ројтерс.

Утринава стапија на сила новите царини од 25 отсто што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од Мексико и Канада, заедно со удвојување на царините за кинески стоки на 20 отсто, што доведе до нови тензии меѓу САД и нивните три најголеми трговски партнери.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button