ЕК го објави нацрт-извештајот за Кластер 1: С Македонија „делумно“ подготвена за членство во ЕУ

Европската комисија го објави нацрт-извештајот од скринингот за Кластер 1 „Фундаментални вредности“. Генералната оценка што на прв поглед може да се извлече од нацрт-верзијата е дека земјава е „умерено“ подготвена за членство во Европската Унија во однос на легислативата и нејзиното спроведување во пракса во согласност со стандардите на ЕУ.
Меѓу поинтересните забелешки нотирани во нацрт-извештајот е мислењето на ЕК за т.н. „Балансер“, алатката за човечки ресурси, кој го одредува процентот на застапеност на вработени во јавниот сектор од секоја етничка група. Според ЕК, тој повеќе не ги исполнува целите.
Во документот се нотира и дека „не беа направени напори да се адресираат препораките на Венецијанската комисија за преиспитување на одредбите од Законот за употреба на јазиците поврзани со двојазичноста во судските постапки“.
„Предизвиците на владејачката коалиција да го собере своето мнозинство и ‘активната блокада’ што ја спроведува најголемата опозициска партија (ВМРО-ДПМНЕ н.з.) го одложи усвојувањето на многу предлог-закони и неколку важни именувања или избори, како и навремена ревизија на извештаите на различни регулаторни тела“, се нотира во нацрт-извештајот на Европската комисија за Кластер 1 „Фундаментални вредност“.