ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕК ја критикува блокадата за старт на преговори со Скопје

Европската Комисија ја критикува блокадата за старт на преговорите со Северна Македонија, се наведува во дел од извештајот на ЕУ за напредокот на земјата, јавува МИА.

Advertisements

Извештајот официјално треба да биде презентиран попладне во Европскиот Парламент од страна на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

„Одлагањата во официјалниот старт на преговорите за членство имаат негативни последици врз кредибилитетот на ЕУ“, предупредува Европската Комисија и нагласува дека билатералните прашања помеѓу Софија и Скопје мора приоритетно да бидат решени.

„Комисијата со нетрпение очекува и ја истакнува важноста од постојано имплементирање на Договорот од Преспа и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија од сите страни. Во согласност со заклучоците на Советот, Комисијата ја продолжува потребната подготвителна работа и очекува првата Меѓувладина конференција да се одржи што поскоро штом се усвои преговарачката рамка од страна на Советот и пред крајот на оваа година, бара Европската Комисија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button