ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕК: Клучни слабости – Сивата економија и менаџирањето со јавните пари

Властите да продолжат со фискални мерки за помош на економијата се додека нема целосно заздравување од пандемијата. Во меѓувреме да се подобри полнењето на буџетска каса преку даноците и да се донесе законот за буџет кој е во собраниска процедура со цел подобро управување со финансиите, ова се дел од препораките од Европската комисија за напредокот на државата во делот на економијата.

Advertisements

Покрај ова во извештајот нагласуваат дека е потребно:

Европска комисија:

– Да се забрза реформата во образовниот систем и да се зголеми финанисрањето за стручно образование и високо.
– Да се подобри пристапот на неквалификуваните и ранливите категории на граѓани до активни мерки на пазарот на труд.“

Од институтот за економски истражувања „Finance Think“ велат дека извештајот во целост ја прикажува реалната слика за економската состојба. Клучни слабости и натаму се сивата економија, менаџирањето за јавните финансии и моделот на доделување на државна помош

„Извештајот детектира недостатоци во поглед на политиките за конкурентност на пазарот, конкретно при доделување на државна помош. Шемата финансирана според Законот за финансиска поддршка на инвестициите не е во линија со законодавството на ЕУ за државна помош и треба да се прилагоди“, наведуваат од Finance Think- Институт за економски истражувања.

Во извештајот се потенцира дека Владата спровела силен фискален одговор со цел ублажување на кризата предизвикана од пандемијата. Поради пандемијата земјата падна во рецесија со што се продлабочи дефицитот и јавниот долг што е очекувано.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button