РЕГИОН
ЕК очекува истрага за „инцидентите“ против демонстрантите во Србија

Европската комисија внимателно ја следи актуелната внатрешна политичка ситуација во Србија поврзана со масовните протести на студентите и други групи и ги охрабрува сите политички актери за враќање на дијалогот и за воздржување од ескалација на тензиите, изјави денеска портпаролот на ЕК за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие.
„Изразуваме загриженост поради пријавените инциденти против демонстрантите, за кои очекуваме брза истрага“, рече Мерсие.
Тој нагласи дека слободата на собирање е меѓу основните права на ЕУ, што треба да се штити и почитува согласно принципите на владеење на правото и одржување на јавниот ред.