
Првите редовни исплати од Планот за раст на Западен Балкан се очекуваат меѓу вториот и третиот квартал оваа година, откако ќе се исполнат соодветните услови, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија.
Истовремено, тој посочи дека предфинансирањето за Србија изнесува 101,8 милиони евра.
„Комисијата сега ги финализира процедуралните чекори, кои треба да овозможат претфинансирањето да се изврши што е можно поскоро во 2025 година“, рече портпаролот на Комисијата во писмен одговор за Танјуг, на прашањето кога Србија и другите партнери од регионот можат да ги очекуваат првите исплати од овој план и колкава ќе биде првата исплата за Србија.