КОШАРКАСПОРТ

Екипите од Македонија го дознаа противниците во ABA2 лигата

Македонските претставници во АБА2-лигата денеска ги дознаа имињата на ривалите во првата фаза по групи од новата сезона, во која ќе се игра на драстично променет начин од било која досегашна сезона.

Advertisements

МЗТ Скопје единствен ждрепката ја дочека од првиот барабан, но и покрај тоа доби незгодна група во која ќе има силна конкуренција во Хелиос, кој е поранешен член на јадранската елита и во незгодната Цедевита јуниор, додека улогата на аутсајдер ќе ја има црногорскиот тим Теодо од Тиват.

Уште потешка група доби и Работнички, кој мораше да плати 25.000 евра за да добие специјална покана за АБА2 каде што ќе игра против фаворизираните Војводина и Сутјеска, како и со поранешниот европски шампион, Босна Сараево.

Кошаркарите на Пелистер за ривали ќе ги имаат Подгорица и Широки како подобро рангирани пред ждрепката, како и српскиот тим Вршац, кој е еден од добитниците на вајлд-картите. Новата сезона ќе почне кон средината на октомври.

РАСПОРЕД НА ГРУПИТЕ ВО АБА2

ГРУПА А: МЗТ СКОПЈЕ, Хелиос, Цедевита јуниор, Теодо Тиват.

ГРУПА Б: Војводина, Сутјеска, РАБОТНИЧКИ, Босна.

ГРУПА Ц: Подгорица, Широки, ПЕЛИСТЕР, Вршац.

ГРУПА Д: Златибор, Борац БЛ, Шибенка, Илирија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button